Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Тројца напаѓачи на „радарот“ на Реал Мадрид

Европскиот првак се интересира за Вернер, Родриго и Икарди

Доколку Реал Мадрид се реши да купи напаѓач кој би се натпреварувал со Карим Бензема за стартерското место во тимот, засилувањето ќе биде Тимо Вернер, Родриго или Мауро Икарди. Овие тројца се најдобрите опции кои им останаа на мадриѓаните, откако вратата беше затворена од Мбапе, Левандовски, Кавани и Кејн. 
Реал во офанзивниот дел како главни адути ги има Бејл, Бензема и Асенсио, кои заедно дадоа 44 гола во минатата сезона, исто колку Кристијано Роналдо што даде сам. А, Роналдо веќе го нема. Тука се и Мајорал, Де Томас, Винисиус, Лукас Васкез, но тоа не е доволно за апетитите на фановите на најтрофејниот европски клуб.
Германецот Вернер, кој настапува за Лајпциг, не даде гол на Светското првенство, но млад е и не е многу скап. Во Бундеслигата има 42 гола во претходните две сезони. Родриго е шпански репрезентативец по вкусот на тренерот Лопетеги, а играл за Бенфика и Валенсија. Не е класичен голгетер, туку нешто како Бензема, бидејќи му помага и на средниот ред и доста се движи. 
Икарди е најскап и најсигурна варијанта од овие тројца, за Интер даде 98 гола за четири сезони, но преодниот рок во Италија завршува вечерва во 20 часот и Реал нема многу време ако сака да го купи. 

 

Најнови вести