Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Роналдо уште „спие“, ќе се разбудат ли Икарди и Белоти?

Дуелот на Интер и Торино на „Џузепе Меаца“ е шанса за двајцата напаѓачи кои минатата сезона се изнадаваа голови

Откако загубија во првото коло, без притоа да дадат гол, екипите на Интер и Торино вечерва ќе се обидат да ги освојат првите бодови, и да покажат дека знаат да постигнуваат голови. Ова за тресењето на противничките мрежи особено важи за Мауро Икарди од Интер и Андреа Белоти од Торо. 
Кристијано Роналдо кој претходната деценија си наметна притисок дека мора на секој натпревар да дава гол, одигра веќе два меча за Јувентус и уште нема постигнато гол, па новинарите во Италија го потсетуваат Португалецот дека не е лесно да се игра во Серија А, и оти процесот на прилагодување можеби ќе му трае подолго од желбите. 
Во листата на кандидати за прв стрелец во лигата се и Икарди и Белоти, кои не се прославија на стартот, но вечерва имаат поправен испит. 
На Интер му требаат головите на капитенот Икарди и другарите, за да се покрие срамниот пораз од Сасуоло минатиот викенд. Но, и одбраната на „црно-сините“ ќе има работа. Од другата страна во шпицот на нападот ќе биде Белоти, кој треба да сфати дека летото е завршено и треба да почне да влегува во форма. 

 

Најнови вести