Корисничко име Лозинка Пријави се
11.10.2011

Надал ја напушти Мајорка

Мигел Анхел Надал, поранешниот дефанзивен играч на Барселона и на репрезентацијата на Шпанија, и официјално го напушти стручниот штаб на шпанскиот прволигаш Мајорка.

За оваа одлука Надал вчера ги извести клупското водство и главниот тренер Хоакин Капарос.

Чичкото на второрангираниот тенисер на светот Рафаел Надал ја предводеше Мајорка во ремито 2-2 со Осасуна на почетокот на овој месец откако отказ доби данскиот стратег Михаел Лаудруп.

Минатиот викенд водството на клубот одлучи да го замени Данецот со Капарос, а Надал е вратен на местото прв помошник, должноста која ја извршуваше додека Лаудруп беше на клупата.

Фамилијата Надал, која има десет отсто од акциите на клубот, минатата недела изјави дека го повлекува својот претставник од управниот одбор на клубот. Лично Рафаел Надал за шпанските медиуми го сподели своето незадоволство со промената на Лаудруп.

Најнови вести