Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2015

Вардар убедлив со Кјелце, пораз на Металург

Вардар го прегази силниот Кјелце со 34-24 во натпреварот од групата Б на Лигата на шампионите во „Јане Сандански“.

Ракометарите на Врадар одиграа одличен натпревар, имаа фантастична игра во текот на целата средба, а посебно во второто полувреме, кое го добија со 16-10. Арпад Штербик имаше дури девет одбрани само во вториот дел, им одбрани пет седмерци на гостите, а два тие самите не погодија.
Македонскиот тим водеше и во првото полувреме. Уште во првите минути стартуваше со 3-1, а во 11-тата резултатот беше 6-2 за нашата екипа. Понатаму во средбата се играше ефикасно и имаше голови од двете страни. Кај Кјелце најчесто погодуваа Бјелецки и Јурецки, додека кај Вардар најефикасни беа Горбок, Душебаев и Дибиров.
Вардарци водеа со 9-6 уште во 15-тата минута од дуелот, а по 20-тата дојдоа до предност од пет гола. Во второто полувреме имаа одлична серија од 6-1 за резултат 24-15 во 37-мата минута, а по девет минути дојдоа до предност од десет погодоци. Штербик одлично бранеше, па Кјелце од 42-рата до 55-тата минута успеа да постигне само еден гол. Вардар најголема предност имаше во 55-тата минута со 34-22.
Македонскиот првак ја реализираше петтата победа во шестиот натпревар од Лигата на шампионите и сега со десет бода се наоѓа на првото место на табелата.
Металург во Скопје загуби со 21-23 во реванш-натпреварот со екипата на Баја Маре, во шестото коло на групната фаза на Лигата на шампионите и си ги загрози своите шанси за пласман во следната фаза.

Најнови вести