Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2015

Блинд нов селектор на Холандија

Фудбалската федерација на Холандија го именуваше Дани Блинд за нов селектор по заминување на Хус Хидинк од таа функција.

Хидинк го напушти селекторското место заради слабите резултати во квалификациите за Европското првенство 2016 година.
„Блинд е избран за нов селектор почнувајќи од 1-ви август“, соопшти Фудбалската федерација на Холандија.
Блинд досега беше помошник на селекторот, во играчката кариера настапувал за Спарта Ротердам и за Ајакс, за кој две години бил и на клупата.
Холандија под водство на Ван Хал го освои третото место на Мундијалот во Бразил минатата година, но со Хидинк оттогаш бележеше слаби резултати.
На четири натпревари до крајот на квалификациите за Европското првенство во Франција, Холандија е трета во групата А со десет бодови, три помалку од Чешка и пет од изненадувачкиот лидер Исланд.

Најнови вести