Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2015

Хидинк ја напушти клупата на Холандија

Фудбалската репрезентација на Холандија остана без селектор откако Хус Хидинк ја напушти позицијата, пренесоа европските медиуми.

Хидинк ја презема Холандија во август минатата година, а тогаш потпиша договор до крајот на Европското првенство 2016 година.
Холандија со Хидинк забележа четири победи и пет порази на 10 натпревари и во моментов е трета на табелата во својата квалификациска група, со пет бодови помалку од лидерот Исланд и три помалку од Чешка.
“Жал ми е што мораше да биде вака. Ми беше чест повторно да ја водам Холандија и на мојот наследник му посакувам многу успех на патот кон Европското првенство во Франција“, изјави Хидинк за холандските медиуми.
Холандската фудбалска федерација не соопшти кој ќе биде неговиот наследник.

Најнови вести