Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2015

Дејвид Мојс суспендиран на два натпревари

Тренерот на Реал Сосиедад, Дејвид Мојс, е суспендиран на два натпревари поради исклучувањето на реваншот во осминафиналето на Кралскиот куп против Вилјареал.

Баскискиот клуб во средата беше елиминиран од шпанскиот куп откако во реваншот одигра 2-2, а на првиот натпревар беше поразен со 1-0.
После исклучувањето шкотскиот стручњак се пресели на трибината каде го проследи крајот на натпреварот, а јадеше чипс, кој го сподели со навивачите, што беше забележано од камерите на стадионот.
Поради исклучувањето Мојс е казнет со еден натпревар суспензија, а вториот е поради тоа што се качил на трибината, а не отишол во соблекувалната.
Мојс нема да го води својот тим на денешниот натпревар против Рајо Валјекано и против Еибар следниот викенд, и двата на домашен терен.

Најнови вести