Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2014

Вермезовиќ го напушти Орландо пајратс

Владимир Вермезовиќ, поранешниот фудбалер и тренер на Партизан, поднесе оставка на местото тренер на јужноафриканскиот клуб Орландо пајратс.

Клубот од Јоханесбург соопшти дека оставката на Вермезовиќ била прифатена и дека до крајот на тековната сезона должноста ќе ја извршува досегашниот помошен тренер Ерик Тинклер.
Ирвин Кхоза, претседателот на клубот, изјави дека иако оставката е прифатена, тој ќе поразговарал со Вермезовиќ и дека би сакал српскиот тренер да остане подолго и да постигне поголем успех со тимот.
Вермезовиќ јужноафриканскиот клуб го водеше од февруари оваа година, а пред тоа, по трет пат во тренерската кариера, беше тренер на Партизан од Белград.
Орландо беше поразен со 2-1 во лигашкиот натпревар од Марицбург јунајтед и се наоѓа на шестото место на табелата.