Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2014

Вардар во 16 најдобри во Лигата на шампионите

Вардарци се вратија на победничките патеки во Лигата на шампионите, откако во преполната сала „Јане Сандански” го совладаа тимот на Целје со 34:32 (19:17).

Ова беше четврта победа во елитното натпреварување за нашиот тим кој со девет бода се наоѓа на втората позиција на табелата и обезбеди место во ТОП 16 фазата.
Во првиот дел се водеше изедначена битка на теренот и во 19-та минута резултатот беше 12-12. Со трите гола во серија Вардар првпат направи поголема разлика, а на полувремето „црвено-црните“ заминаа со водство 19:17.
Второто полувреме „вардарци“ го почнаа одлично и направија предност од четири голови, но Словенците се враќаа во игра и не дозволија поголема разлика. Најголемата предност на Вардар изнесуваше пет гола во 53 минута. До крајот на мечот „црвено-црните“постигнаа два, додека противникот пет гола, по што беа поставени конечните 34:32.
Дибиров и Карачиќ беа најефикасни ракометари во победничкиот тим со по шест гола, додека расположениотТоскиќ, на својот поранешен клуб му даде пет гола.
Во следното, осмо коло, Вардар му гостува на Чеховски Медведи. Овој дуел се игра на 06.12 сабота од 16.30 часот.
Металург претрпе убедлив пораз на гостувањето против Пари сен Жермен (35-24), не успевајќи да му парира на францускиот гигант кој максимално мотивиран влезе во овој меч, па на крајот славеше со убедливи единаесет гола разлика. Македонските ракометари се обидоа да сторат нешто повеќе, но разликата во класи беше преголема, па ваквиот убедлив пораз беше неизбежен.

Најнови вести