Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2014

Вардар продолжува да „гази“: Поразен и Рајн Некар

Вардар, македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони, синоќа во СЦ „Јане Сандански“ Вардар го победи бундеслигашкиот клуб Рајн Некар Ловен со 28-25 (13-13) и зедно со Веспрем, ПСЖ, Колдинг, Барселона и Кјелце има максимален учинок по трите одиграни кола.

Во првото полувреме двете екипи се менуваа во водството, но Рајн Некар Ловен во поголемиот дел имаше заостанување. На почетокот на второто полувреме беше последното изедначување од 14-14. 
Вардар ги искористи одличните интервенции на Арпад Штербик, кој „врза“ четири одбрани, и направи одлична серија од 5-0.
Вардар го одржа високото темпо до самиот финиш на задоволство на навивачите, а на 9 минути до крајот имаше и предност од седум голови– 25:18. Во финишот гостите со мини-серија од 3:0 само го ублажија поразот.
Најефикасен играч беше Александар Петерсон со седум голови, а во екипата на „црвено-црните“ шест погодоци постигна Матјаж Брумен, а по пет постигнаа Алекс Душебаев и Игор Карачиќ. Апард Штербик на оваа средба имаше 15 одбрани.
Во наредното коло Вардар ќе гостува во Франција, кај екипата на Монпелје.
Вториот македонски клуб во Лигата на шампионите, Металург, беше поразен на гостувањето во Загреб  со 19:17 и по првите три кола во Групата А е на последното место без бодови. „Металурзите“ следниот натпревар го играат на 16 ноември кога гостуваат кај шпанскиот Натурхаус ла Риоха.



Најнови вести