Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2014

Нема понуди за Подолски

Фудбалските клубови Јувентус и Наполи не испратиле понуди за Лукаш Подолски, напаѓачот на Арсенал, изјави неговиот агент.

Подолски не беше во тимот на Арсенал во натпреварот против Евертон во саботата (2-2), поради што британските медиуми шпекулираат дека ќе си оди од Лондон.
„Читав во весниците дека Јувентус и Наполи се заинтересирани за Лукаш. Но, овие клубови не нè контактираа“, изјави агентот Али Пектас за интернет-страницата на „Тутомеркато“.
„Не знам дали Подолски во овој преоден рок ќе отиде во Италија. Единствено што е сигурно е тоа што Лукаш има договор со Арсенал“, додаде агентот.
Подолски, за кого е заинтересиран Галатасарај, во 2009 година од Келн направи трансфер во Арсенал и му остануваат уште две години од договорот со клубот од Лондон. Тој за Арсенал одигра 69 натпревари и постигна 28 голови, а минатата сезона го освои ФА купот.
За репрезентацијата на Германија, со која ова лето го освои Светското првенство во Бразил, одигра 116 натпревари и постигна 47 погодоци.

Најнови вести