Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2014

Металург со Кил и ПСЖ, Вардар со Целје и Веспрем

На вчерашната ждрепка во Виена за групите во ракометната Лига на шампиони, македонскиот шампион и вице шампион, Металург и Вардар, ги добија противниците во групната фаза.

Металург  е во групата А со Загреб, Ла Риоха, ПСЖ и еден квалификант. Францускиот тим кој е добар познаник на нашиот шамтион ќе биде првиот гостин во Спортскиот центар „Борис Трајковски“во периодот од 24 до 28 септември.
Металург следните два меча ќе ги игра на гостински терен против тимот кој преку квалификации ќе се пласира во групата и против Загреб пред дуелот со Кил во Скопје, а на крајот на првата рунда ќе дојде гостување во Шпанија кај Натурхаус ла Риоха.
Вардар првиот натпревар  во новата сезона во ЛШ ќе го игра во Словенија против Целје, а потоа ќе ги нагостат Чеховски Медведи и Рајн Некар, по што ќе играат против Монпелје на гости и со Веспрем на домашен терен.

Група А: Кил, Металург, Загреб, Ла Риоха, ПСЖ, квалификант
Група Б: Барселона, Колдинг, Алингсас, Висла, Флензбург, квалификант
Група Ц: Веспрем, Целје, Чеховски Медведи, Рајн Некар, Вардар, Монпелје
Група Д: Киелце, Данкерк, Шафхаузен, ПИК Сегед, Алборг, квалификант

Противници во групната фаза од Лигата на шампионите ги доби и женскиот ракометен шампион ЖРК Вардар кој ќе игра во групата Б заедно со Будуќност од Подгорица, Турингер и победникот од квалификациската група 2.

Група А: Крим Љубљана, Динамо Волгоград, Хипо, квалификант
Групa Б: Будуќност, Турингер, Вардар, квалификант
Група Ц: Ѓер, Виборг, Локомотива Загреб, Савехоф
Група Д: Ларвик, Мец, Баја Маре, Лублин

Распоред на Металург за сезоната 2014/2015:
24-28.09.2014    Металург – ПСЖ
01-05.10.2014    Квалификант – Металург
08-12.10.2014    Загреб – Металург
15-19.10.2014    Металург – Кил
12-16.11.2014    Натурхаус ла Риоха – Металург
19-23.11.2014    Металург – Натурхаус ла Риоха
26-30.11.2014    Пари Сен Жермен – Металург
03-06.12.2014    Металург – Квалификант
11-15.02.2014    Кил – Металург
18-22.02.2014    Металург – Загреб

Распоред на Вардар за сезоната 2014/2015:
24-28.09.2014 Цеље – ВАРДАР
1.-5.11.2014 ВАРДАР – Чеховски М.
8-12.11.2014 ВАРДАР – Рајн-Некар
15-19.11.2014 Монпелје – ВАРДАР
12-16.11.2014 ВАРДАР – Веспрем
19-23.11.2014 Веспрем – ВАРДАР
26-30.11.2014 ВАРДАР – Целје
3-6.12.2014 Чеховски Медведи – ВАРДАР
11-15.2.2015 ВАРДАР – Монпелје
18-22.2.2015 Рајн Некар – ВАРДАР

Најнови вести