Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2014

Антиќ се врати на теренот со десет поени

По паузата поради фрактура на глуждот, Перо Антиќ го одигра првиот натпревар, и тоа со двоцифрен учинок, на гостувањето на Атланта хокс кај Портланд.

Антиќ паузираше од 22-ри јануари поради фрактура на десниот глужд, а неговото одлично враќање не беше доволно за победа на неговиот тим.
Тој одигра 16 минути од натпреварот, во кои постигна 10 поени (2/2 за еден, 1/1 за два и 2/4 за три поени) и четири скокови. Неговото враќање не успеа да стави крај на лошата серија на Атланта, која загуби со 102:79 кај Портланд и го доживеа четвртиот пораз по ред.
Кајл Корвер, соиграчот на Антиќ, ја заврши рекордната серија од 127 натпревари во низа на кои постигна барем по една тројка. Против Портланд шутираше 0/5 за три.
Кај домаќинот најдобри беа Мо Вилијамс со 16 поени и Никола Батум со 14 поени и 18 скокови.
Во сабота наутро, во 4.30 часот по наше време, Атланта ќе гостува кај Голден стејт.

Најнови вести