Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2014

Ван Хал сменет, но ќе ја води Холандија на Светското првенство

Хус Хидинк, некогашниот селектор на Холандија, потврди дека ќе се врати на тоа место по Светското првенство во Бразил оваа година.

Тој ја водеше Холандија од 1994 до 1998 година, а на клупата на репрезентацијата ќе се врати во наредните квалификации за Европското првенство во Франција, кога ќе го замени Луис ван Хал.
„До договорот нè делат ситници, а тоа е да ги одберам своите соработници. Тоа ќе се случи во наредните неколку дена. Ќе биде одличен тим од стручњаци бидејќи не сакам сам да одлучувам за сè. Сакам што е можно подобро да ја водам Холандија“, изјави Хидинк за „Нос журнал“.
Холандските медиуми пренесуваат дека во неговиот стручен штаб ќе се најдат славни имиња на тамошниот фудбал, како што се: Јап Стам, Руд ван Нистелрој, Џовани ван Бронкхорст, додека прв помошник ќе му биде Дани Блинд.
Холандија се наоѓа во групата А од квалификациите за Европското првенство во Франција со репрезентациите на: Чешка, Турција, Исланд, Летонија и Казахстан.

Најнови вести