Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2014

Антиќ повторно одличен во победата на Атланта над Орландо

Перо Антиќ како стартен центар на Атланта во игра помина дури 33 минути, па иако шутот не го служеше како обично (1/3 за два, 1/6 за три поени), сепак стигна до дабл-дабл учинок со десет поени и 12 скокови, како и една украдена топка и блокада на теренот на Орландо.

Нашиот најдобар кошаркар ги постигна одлучувачките поени за Атланта хокс во финишот, кога во последните два напади го фаулираа домашни играчи.
Антиќ најпрво на 22,8 секунди пред крајот, од линијата на слободни удари донесе предност од 110:109, а потоа, по промашувањето на Глен Дејвис, ја фати топката и по новиот прекршок над него, на 11 секунди пред завршувањето на натпреварот, со новите слободни фрлања го реши прашањето на победникот.

Најнови вести