Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2013

СП без Ибра, хет-трик на Роналдо, Франција на Мундијалот, Грција и Хрватска рутински

За разлика од натпреварот во Португалија, кој е завршен со 1-0 за домаќинот, во Шведска беше целосно друга ситуацијата. Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ направија шоу, ги постигнаа сите голови на средбата, но на крајот се радуваше напаѓачот на Реал со 3-2.

Роналдо ја доведе Португалија во водство во 50-тата минута, а напаѓачот на ПСЖ направи пресврт на 2-1 во 68-мата и 72-рата минута. Роналдо возврати со два погодоци во 77-мата и 79-тата минута, што значеше и пласман на Мундијалот за Португалците.
По Босна и Херцеговина, уште една држава од поранешна Југославија се пласира на Светското првенство. Станува збор за селекцијата на Хрватска, која на крајот лесно се пласира на завршницата на најпрестижното фудбалско натпреварување.
Марио Манџукиќ прв постигна погодок против Исланѓаните во 27-мата минута, а 11 минути подоцна беше исклучен поради неспортски старт. На почетокот на вториот дел, десниот бек на Шахтар, Марио Срна, ја запечати судбината на гостите и ги израдува навивачите на „коцкестите“.
Французите ја анулираа предноста на Украинците од првиот натпревар, па заслужено ќе патуваат во Бразил следното лето. И тоа за несреќа на гостите, третиот гол го постигна Гусев, а пред тој гол исклучен беше Хачериди поради втор жолт картон (во 47-мата минута).
Грција и Хрватска, исто така, се пласираа на Светското првенство 2014 година. Костас Митроглу со три гола во двомечот против Романија на својата селекција ѝ обезбеди учество во Бразил.
Романците по реваншот се закануваа дека можат да возвратат, меѓутоа сè остана само на зборови.

Најнови вести