Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2013

Коло Туре нов играч на Ливерпул

Коло Туре, 32-годишниот стопер од Брегот на Слоновата Коска и играч на Манчестер сити, од следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул, потврди клубот од „Енфилд роуд“. Во редовите на „црвените“ официјално ќе премине од први јули како слободен играч.

Туре претходните четири години го носеше дресот на Манчестер сити, а официјално ќе стане фудбалер на Ливерпул кога ќе му истече договорот со „граѓаните“.
На „Енфилд роуд“ доаѓа без оштета, а тоа ќе му биде трет различен клуб во кариерата бидејќи меѓу 2002 и 2009 година ги бранеше и боите на Арсенал.
Брендан Роџерс, менаџерот на Ливерпул, се определи за Туре поради искуството, со оглед на тоа дека Џејми Карагер заминува во пензија.
Во дресот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска постариот од браќата Туре настапи 103 пати. Неговиот две години помлад брат Јаја е играч на Манчестер сити.

Најнови вести