16.5.2013 Реми пуштен од притвор со кауција
Лоик Реми, францускиот фудбалер на Квинс парк ренџерс, е пуштен од притвор откако е платена кауција. Вчера беше уапсен под сомнение дека силувал 34-годишна жена.
Реми заврши во притвор заедно со уште двајца осомничени мажи, а сите тројца се пуштени со кауција до септември. Мажите се испитани, а истрагата и понатаму е во тек. Неименуваната жена ги обвинила дека ја силувале на шести мај во западниот дел на Лондон. Според изјавите на адвокатот на Реми, 26-годишниот напаѓач се изјаснил дека не е виновен.
Реми дојде во Квинс парк ренџерс во јануари оваа година од Марсеј, но не успеа да му помогне на лондонскиот клуб да го избегне испаѓањето од Премиер лигата. За француската репрезентација одигра 18 натпревари и постигна четири погодоци.