Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2013

Занети тешко повреден, можен е и крај на кариерата

Хавиер Занети, долгогодишниот капитен и легенда на Интер, ја скина Ахиловата тетива во текот на вчерашниот дуел против Палермо и пред него е долга пауза.

Аргентинскиот фудбалер излезе од игра во 17-тата минута на натпреварот од 34-тото коло на Серија А, кој неговиот клуб го изгуби со 1-0. На конференцијата за новинарите по средбата Андреа Страмачони, тренерот на „нераѕурите“, ја потврди тешката повреда на капитенот, а првите прогнози коишто се појавија во италијанските медиуми зборуваат за осуммесечна пауза.
Ако се покаже дека навистина е потребно толку долго закрепнување, тоа лесно би можело да значи и крај на кариерата за големиот фудбалер, кој во август ќе наполни 40 години.
„Тешко е да се коментира ваквата ситуација. Не сум лекар, но ми звучи сериозно“, рече Страмачони, чија екипа ја погоди неверојатна серија на повреди.
„Без оглед на тежината на повредата, планирам да ја продолжам кариерата, немам намера да одам во пензија“ - изјави Занети.
Надвор од погон во составот на Интер моментно се: Кастелаци, Самуел, Мбаје, Занети, Нагатомо, Мудингај, Камбијасо, Гаргано, Станковиќ, Гуарин, Оби, Паласио, Касано, Милито...

Најнови вести