Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2013

ФИФА го прогласи трансферот на Дрогба во Галатасарај валиден!

Дидие Дрогба, фудбалскиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, може да настапува во својот нов клуб Галатасарај, вчера потврди Меѓународната фудбалска организација.

Претставници на кинескиот фудбалски клуб Шангај Шенуа испратија пријава до ФИФА поради нерегуларности во трансферот на Дрогба во Турција. Но добија негативен одговор.
Дрогба на ФИФА ѝ појасни дека кинескиот клуб не ги исполнувал сите должности што стојат во договорот, по што Меѓународната фудбалска организација застана на страната на играчот и му дозволи уште идниот викенд да дебитира за турскиот состав.

Најнови вести