Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2013

Се разделија Скот Скајлс и Милвоки бакс

Серијата порази на Милвоки бакс му дојде преку глава на искусниот стратег Скот Скајлс.

По четири години поминати во Милвоки, искусниот тренер Скот Скајлс го напушти Бакс. Овој тим изгуби четири натпревари по ред, и тоа беше непосреден повод за напуштање на клупата.
Во досегашниот тек на шампионатот Милвоки има половичен учинок, бидејќи на 16 натпревари победи и на исто толку изгуби. За четири сезони во Бакс, Скајлс само еднаш ја однесе екипата во плејоф, а до именувањето нов тренер тимот ќе го води еден од неговите помошници, Џим Бојлан.