03.12.2012 Валверде нов тренер на Валенсија
Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија за нов тренер го именуваше Ернесто Валверде, откако викендов Пелегрино беше разрешен од својата должност.
Четириесет и осумгодишниот Валверде на крајот на минатата сезона го одведе Олимпијакос до грчката шампионска титула, а по краток период потоа поднесе оставка поради семејни причини.
„Валенсија постигна договор со Ернесто Валверде до 30-ти јуни 2013 година. Тренерот официјално ќе биде претставен вечерва“ стои во соопштението за медиумите од шпанскиот клуб.
Поранешниот фудбалер на Барселона и Атлетик Билбао во минатото работеше како тренер на Еспањол и Вилјареал, а своето деби на клупата на „лилјаците“ ќе го доживее во среда, кога Валенсија гостува кај Лил во последното, шесто коло на групата Ф во Лигата на шампионите.