Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2012

Хартс ја одби првата понуда

Финансиски оптоварениот фудбалски клуб Хартс ја одби понудата за продажба на некогашниот сопственик на Ливингстон, Анџело Масоне, наведувајќи дека таа е прениска за клубот.

Хартс би можело да банкротира поради неплатениот данок во износ од речиси 450.000 фунти.
Во соопштението на Премиер лигата на Шкотска се наведува дека моменталниот сопственик Владимир Романов е расположен да разговара за продажба на Хартс на секој што е вистински заинтересиран и способен да го поведе клубот напред.
„Заинтересираните ќе мора да изнесат финансиска понуда која ја отсликува вредноста на клубот, да бидат способни да го водат според правилата на Фудбалската федерација на Шкотска и да ги објават своите идни планови“, пишува во соопштението.
Романов претходно овој месец бараше од навивачите итна поддршка за клубот.