25.10.2012 На Хартс му се забранети трансфери
Премиер лигата на Шкотска на Хартс му стави забрана за трансфери во наредните 60 дена бидејќи екипата од Единбург втор месец по ред не им ја исплатила платите на играчите и на стручниот штаб.
Комитетот на Премиер лигата објави дека Хартс нема да може да регистрира нови фудбалери до 23-ти декември оваа година.
Хартс во меѓувреме целосно ги исплати платите за септември, но не успеа тоа да го направи и за октомври, па синдикатот на играчите на клубот се пожали на шкотската Премиер лига.
До први јануари ниеден европски клуб не може да купува играчи, но може да потпише договор со оние коишто не се врзани за ниту еден клуб.