Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2012

Шалке еден месец без Дракслер

Јулијан Дракслер, 19-годишниот играч за врска на Шалке, ќе отсуствува од фудбалскиот терен околу еден месец поради фрактура на зглобот на левата рака, здобиена во натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Монпелје (2-2).

„Ако сè помине добро, тогаш ќе биде аут три до четири седмици. Се надевам дека ќе се врати релативно брзо и ќе тренира со заштитен гипс“, рече Торстен Рарек, лекарот на екипата на Шалке.
Младиот играч за врска беше стрелец на првиот гол за Шалке за 1-1 во 26-тата минута, а потоа во 53-тата минута избори пенал и исклучување.
Но по прекршокот на Гари Бокали, Дракслер падна незгодно на раката и го скрши зглобот, а подоцна успешно беше опериран во болницата „Бергманшајл“.

Најнови вести