Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2012

Најголемото засилување на Спартак ја заврши сезоната поради повреда

Бразилецот Ромуло, кој игра одлично по доаѓањето од Васко де Гама, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради кинење на лигаментите на коленото.

Клубот од руската престолнина веројатно до крајот на сезоната ќе остане без услугите на одличниот бразилски репрезентативен играч за врска, 22-годишниот Ромуло, кој во натпреварот со Ростов ги скина лигаментите на коленото. Тој се повреди во 85-тата минута од средбата, во воздушен дуел со првотимецот на Ростов, Окоронкво, кога незгодно скокна и целосно ги скина предните вкрстени лигаменти и ги истегна задните лигаменти на коленото.
Во наредните неколку денови ќе му биде извршена операција на една клиника во Германија, а потоа го очекува повеќемесечен процес на рехабилитација и се претпоставува дека за него сезоната е завршена.
Ромуло летоска дојде во Спартак од Васко де Гама во трансфер тежок седум милиони евра, а стигна со статус бразилски репрезентативец и како еден од најталентираните фудбалери што моментно ги има оваа земја. Бразилецот игра на позицијата дефанзивен играч за врска и од доаѓањето во Спартак одигра шест натпревари и постигна два гола.

Најнови вести