Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2012

Селтик го отпушти Томпсон

Селтик на својата официјална интернет-страница соопшти дека Ален Томпсон повеќе не е тренер на оваа екипа.

Според тврдењата од клубот, Томпсон, кој има триесет и девет години, не се појавил на последните неколку состаноци со управата, па во вчера е одлучено оваа несериозност да ја санкционираат со врачување отказ.
„Случајот сега е во рацете на нашите адвокати и повеќе не можеме да даваме информации“, соопштија од клубот кој четириесет и три пати бил шампион на Шкотска.
Екипата од Глазгов во соопштението не наведе повеќе информации за раскинување на соработката со тренерот кој заедно со Нил Ленон оваа сезона ја освои титулата.

Најнови вести