Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2011

Ди Карло нов тренер на Киево

Откако мина само една година по напуштањето на клубот од Верона, Доменико Ди Карло се враќа на тренерската позиција на Киево.

Четириесет и седумгодишниот стратег минатата година го напушти клубот за да ја преземе Сампдорија, меѓутоа, беше отпуштен во март оваа година по серијата катастрофални резултати, кои на крајот резултираа со испаѓање на клубот од Џенова од серија А.
Од Киево, кој сезоната ја заврши на единаесеттото место на табелата, потврдија дека потпишаа договор со Ди Карло за претстојната сезона.
Тој на клупата ќе го замени Стефано Пиоли, кој замина за Палермо по заминувањето на Делио Роси.

Најнови вести