Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2012

Калу ќе потпише за Шалке?

Англиските медиуми ја пренесоа информацијата дека Саломон Калу, крилниот напаѓач на Челзи, по истекот на договорот со европскиот шампион летово ќе се пресели во Германија, поточно во Шалке.

Како што изгледа, „сините“ немаат намера да му дадат продолжување на договорот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, но иако постои интерес од неколку премиерлигашки екипи, Калу, најверојатно, ќе се реши кариерата да ја продолжи во Шалке.
Овој дваесет и шестгодишен фудбалер, кој на „Стемфорд бриџ“ дојде од Феенорд во 2006 година за трансфер висок 9 милиони фунти, за Челзи одигра 156 натпревари и постигна 36 голови.

Најнови вести