Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2012

Дрогба ќе го пропушти Арсенал, а можеби и Барселона

Дидие Дрогба, напаѓачот на Челзи, се најде десетина пати на тревата за време на првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, во кој неговиот клуб ја победи Барселона со 1-0.

Токму репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во втората минута од продолжението на првото полувреме го постигна победоносниот погодок, а многумина коментираа дека повеќето прекршоци ги одглумил.
Но изгледа дека на еден од нив заработил повреда. Во прашање е коленото и засега се знае дека Дрогба нема да биде дел од тимот за денешното лондонско дерби против Арсенал.
„Не знаеме точно за што се работи. Врз Дрогба сè уште се вршат медицински испитувања, во текот на викендов би требало да ги имаме сите информации“, рече тренерот Роберто ди Матео.
Според англиските медиуми, напаѓачот е под знак прашалник и за реваншот од Лигата на шампионите против каталонскиот клуб.

Најнови вести