Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2012

Ленон пред дисциплинска комисија

Фудбалската асоцијација на Шкотска најави дисциплинска постапка против Нил Ленон, тренерот на Селтик, поради навреда на судиите во градското дерби против Ренџерс.

Како што се наведува во соопштението, Ленон на полувремето од натпреварот во Глазгов непристојно се однесувал, бил агресивен кон судијата и го навредувал. Тоа беше објаснувањето на судијата Калум Мареј за покажаниот црвен картон. Ленон на 19-ти април ќе биде сослушан од дисциплинската комисија.
Селтик на големото дерби беше поразен со резултат 3-2, а во текот на натпреварот имаше уште три исклучувања. Во екипата на Ренџерс, која беше домаќин на овој меч, црвен картон заработи Карлос Боканегра, додека, пак, за Селтик исклучени беа Ду-Ри Ча и Виктор Ванјама.
И покрај поразот во градското дерби, Селтик убедливо е прв во шкотската Премиер лига бидејќи има осумнаесет бодови повеќе од градскиот ривал.

Најнови вести