Корисничко име Лозинка Пријави се
29.2.2012

Астон вила работела со рекордна загуба

Речиси 54 милиони фунти во минус изнесува салдото на фудбалскиот клуб Астон вила за минатата година, објавија од клубот.

Лошите финансиски бројки се поклопуваат со лошите резултати. Откако три години по ред завршуваше во премиерлигашкиот топ 6, лани бирмингамските фудбалери завршија деветти, а во овој момент се наоѓаат на петнаесеттото место.
Во текот на минатата сезона, земено од први јуни 2010 година до 31-ви мај 2011 година, клубот пријави заработка од 92 милиона фунти, но загубите беа повисоки дури за 53,9 милиони, што претставува рекордна загуба во клупската историја. Малку успеаја да намалат со продажбата на Дарен Бент, од кого заработија 18 милиони фунти, но загубија многу со тренерска смена, каде што потрошија 12 милиони финти.
Ренди Лернер, американскиот сопственик на Астон вила, кој во сопственост ја има и НФЛ-екипата Кливленд браунс, минатата година вложи 25 милиони фунти.

Најнови вести