Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2012

Подолски сепак спремен за гостувањето кај Волфсбург

Лукаш Подолски, најдобриот играч на Келн, сепак ќе биде подготвен за дуелот против Волфсбург претстојниов викенд, на отворањето на пролетниот дел на сезоната во германската Бундеслига.

Подолски, кој имаше 14 погодоци во првиот дел на првенството, го повреди левото стапало за време на подготовките во Португалија и се чинеше дека нема да биде подготвен за гостувањето кај Волфсбург во сабота. Меѓутоа, Столе Солбакен, тренерот на Келн, потврди дека Подолски целосно го издржал вчерашниот тренинг и дека ќе заигра против „волците“.
„Лукаш веќе нема проблеми со повредата и во сабота би требало да настапи од почетокот“, најави Солбакен.
Келн првата половина од првенството ја заврши на десеттото место со 21 бод. Две места подолу, со еден бод помалку, е пласиран Волфсбург.

Најнови вести