Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2017

Вардар ремизираше со Рајн Некар, останува непоразен

Европскиот ракометен шампион Вардар останува единствен непоразен тим во групната фаза од Лигата на шампионите откако одигра нерешено 21-21 (11-11) на гостувањето кај Рајн Некар во Германија. Најзаслужен за освоениот бод е Арпад Штербик, кој го одбрани ударот на Гвардиола во последната секунда од натпреварот.

„Црвено-црните“ сега имаат серија од 18 натпревари без пораз, а со освоениот бод во Германија имаат 16 бода, односно три повеќе пред второпласираниот Нант. На третото и на четвртото место се Барселона и Рајн Некар со по 12 освоени бода.
Во групната фаза од Лигата на шампионите оваа сезона Вардар два пат одигра реми, и тоа и двата пати на гости – кај ПИК Сегед и сега кај Рајн Некар. Со освоениот бод е блиску до четврт-финалето на елитното натпреварување и директно учество меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
Во првото полувреме од средбата, двете екипи во некои моменти имаа водство. Во тимот на Вардар најрасположен беше Арпад Штербик,а кај домаќините Андреас Паличка. И двајцата одбранија многу топки и никому не му дозволија да направи некоја поголема предност.
Рајн Некар имаше предност во поголемиот дел од второто полувреме, неколкупати и со два погодока, а Вардар успеваше да возврати, но истовремено и не успеа да реализира за водство,иако имавме безброј чисти шанси за тоа. Ракометарите на Вардар тешко се пробиваа низ противничката одбрана, а Рајн Некар имаше добра тактика како да ги сопре нашите бекови. Вардарци немаа многу шанса за контранапади, а дел од ударите од крила завршија во голманот Паличка.
Дуелот меѓу Вардар и Рајн Некар е најнеизвесен натпревар досега одигран во Лигата на шампионите меѓу двете екипи. Во првото полувреме Вардар имаше и предност од 8-10, но за две минути прими три гола по ред, па Рајн Некар направи пресврт за водство 11-10. Дибиров од пенал израмни за 11-11. На натпреварот најмногу се истакнаа одбраните, па затоа и имаше помалку голови од очекуваното. 
Вардар во следното коло е домаќин на Кристијанштад, во натпреварот од десеттото коло, по што следува пауза до февруари 2018 година.

Најнови вести