Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2017

Бускетс: Ќе играм уште долго за Шпанија

Серхио Бускетс не го поддржа Жерар Пике, соиграчот од репрезентацијата и од Барселона, околу прашањето за независноста на Каталонија и изјави дека уште долго ќе игра за селекцијата на Шпанија.

Бускетс, кој е роден Каталонец, му се придружи на Серхио Рамос, капитенот на репрезентацијата, и индиректно го критикуваше Пике.
„Посветен сум на фудбалот, сигурно тоа е подобро отколку да пишувам на ’Твитер’. Секој од нас мора да го користи здравиот разум“, изјави Бускетс алудирајќи на честите објави на Пике на таа социјална мрежа токму околу отцепувањето на Каталонија.
Играчот на Барселона изјави дека признава дека ги преживува најтешките моменти во кариерата поради политичката ситуација во Шпанија, која не го одмина ниту националниот тим.
„Тешка е и чудна ситуацијата, не сме имале никаков состанок, а мислам дека и Рамос и Пике не разговарале. Тешко ќе се реши оваа работа со Пике“, изјави Бускетс и додаде дека Рамос, водачот на екипата, вчера изјавил дека не го чуди тоа што Пике бил исвиркан на тренингот на репрезентацијата.
Бускетс, освојувачот на светската и на европската титула со Шпанија, додаде дека се надева дека уште долго ќе игра за репрезентацијата.
„Јас сум еден од играчите со најдолг стаж, се надевам дека уште многу години ќе поминам во националниот тим. Само да ми дозволи телото“, додаде Бускетс за шпанското радио „Кадена Сер“.

 

Најнови вести