31.5.2017 Пелегрино го напушти Алавес
Аргентинскиот тренер Маурисио Пелегрино вчера изјави дека ќе го напушти шпанскиот фудбалски клуб Алавес.
Пелегрино информацијата ја соопшти по два дена откако Алавес изгуби во финалето на Кралскиот куп од Барселона.
Аргентинецот на клупата на Алавес беше само една сезона. Баскискиот клуб сезоната во Ла Лига ја заврши на деветтото место.
Алавес сè уште нема соопштено кој ќе го замени Пелегрино.