Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2017

Клоп: Прв грд натпревар на којшто победивме

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека триумфот во натпреварот против Барнли е прва победа во грд натпревар за неговиот тим.

„Ми се допадна на крајот, бидејќи порано не сме добивале вакви натпревари, а сега го добивме. Барнли секогаш беше тука, беше напнато и моравме да се бориме. Имавме свои моменти, не постигнавме гол во првото полувреме само поради среќа“, изјави Клоп.
Ливерпул победи со 2-1 по пресвртот, а победничкиот гол го постигна Емре Џан.
„Емре постигна чудесен гол. Јасно е дека некои работи мораме да ги работиме подобро. Не бевме во своето апсолутно најдобро издание, но се боревме. Беше по малку и чудно. Не е ова натпревар баш за паметење, но трите бода се многу убави“, додаде Клоп.
Шон Дајш, менаџерот на Барнли,изјави дека не му е лесно по поразот на „Енфилд роуд“.
„Тешко е сега. Нивниот прв гол не моравме баш да го примиме пред крајот на полувремето, а другиот е разочарување, бидејќи баш добро се претставувавме. Ни требаше само малку среќа“, изјави Дајш.
Ливерпул славеше трет пат во последните четири кола и има 55 бодови на четвртата позиција на табелата, еден помалку од Тотенхем и од Манчестер сити, коишто ја делат втората позиција и имаат натпревар помалку.

Најнови вести