Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2016

Нов пораз на Македонија во Скопје

Пријателскиот натпревар кој се одигра вчера на арената „Филип Втори“ меѓу сениорската репрезентација на Македонија и репрезентацијата на Иран заврши со убедлива победа на гостите.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски не успеаја да ја повторат играта во победата над Азербејџан, фудбалерите од репрезентацијата на Иран беа квалитетен и солиден ривал на теренот кој славеа со 1-3. Хет-трик за репрезентацијата на гостите постигна Седар Азмун, а голот за Македонија го постигна Трајковски во 10-тата минута.
Мечот започна ефикасно од двете страни, напаѓачот на гостите, Азмун уште во 8-та минута ја затресе мрежата на Димитриевски, за две минути подоцна Александар Трајковски да израмни на 1-1. Грешката на македонската репрезентација беше казнета во 20-тата минута со нов гол, и на полувремето Иранците заминаа со1-2.
Селекторот Ангеловски направи неколку измени со цел да дојдеме до пресврт во второто полувреме, но гостите сепак се покажаа во подобро светло, па по еден час игра, Азмун по трет пат ја затресе мрежата на Димитриевски за конечни 1-3. До крајот на натпреварот Иран имаше можност и за уште поубедлива победа, но Столе Димитриевски се истакна со неколку добри интервенции.
Пријателските натпревари, овој против Иран како и оној против Азербејџан се дел од подготовките за претстојните квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одржи во Русија 2018 година.
 Репрезентацијата на Македонија е во група со Шпанија, Италија, Израел, Албанија и Лихтенштајн.

 

Најнови вести