Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2016

Македонија убедлива на тестот со Азербејџан

Пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Азербејџан кој се одигра вчера во Бад Ерлах крај Виена заврши со победа на сениорската репрезентација на Македонија со 3-1.

Со оваа победа репрезентативците на Македонија ја прекинаа серијата од три порази што ги претрпеа на последните три средби против репрезентациите на Либан, Словенија и Бугарија.
Избраниците на селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски до позитивен резултат пристигнаа уште во првото полувреме преку головите на Радески, Пандев во 33-тата минута ја зголеми предноста, а Исмаилов од пенал во 72-та минута намали на 1-2 за Азербејџан. Конечниот резултат од 3-1 беше поставен во финишот со голот на Несторовски.
На 2-ри јуну во Скопје селекцијата А ќе се сретне со репрезентативците на Иран, а македонската селекција ќе настапи со комбиниран состав од искусните репрезентативци и од младинците кои имаат одличен настап на квалификациите за ЕП.

 

Најнови вести