Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2016

Извонреден успех на Ивановски и Јакимовски на Скопскиот маратон

Во неделата во Скопје се одржа најголемиот атлетски настан во Македонија, Скопскиот маратон, а на него Дарио Ивановски и Игор Јакимовски постигнаа забележителни успеси.

На трката во Скопје Ивановски и Јакимовски остварија најдобри времиња во досегашната кариера. Младиот Дарио го истрча полумаратонот со време од 1 час, 11 минути и 14 секунди со што го оствари најдоброто време во Македонија во последните 20 години и се приближи на само три минути од рекордот на Трпе Мартиновски. Дарио се избори за второто место на подиумот со заостанување од само една минута зад првопласираниот и со возраст од само 19 години покажува дека е на добар пат да ги урне македонските рекорди на трчање на долги патеки.
Игор Јакимовски на подолгата патека од 42 км успеа да постигне лично најдобро време од 02.56.21 и го освои високото десетто место во конкуренција со петмина првопласирани Кенијци. 
Двајцата маратонци подржани од Sport Life обложувалница во следната седмица имаат два меѓународни настапи на кои имаат можност да остварат нови успеси.