Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2018

Дарио Ивановски прв на полумаратонот во Скопје

Во полумаратонската трка на Скопскиот маратон на Виз Ер победник е македонскиот атлетичар Дарио Ивановски со резултат од еден час, девет минути и десет секунди.

На второто место се пласира Атанас Анчевски, кој трката ја истрча за 1:14.44, а на третото Милош Ранчиќ со време од 1:15.56.
Во генералниот пласман кај жените прва беше Миљана Ристиќ со 1:29.15, на второто место беше Амела Трозиќ со 1:32.22 и трета Силвија Шимуновиќ со време од 1:35.06.
Ивановиќ изјави дека напредува и дека претходно бил на подготовки во Белград , каде што работел со многу силни атлетичари.
„Ветив малку подобар резултат. Ѝ ветив рекорд на Македонија, но сепак не издржав бидејќи момците од Кенија воведоа многу силен ритам под три минути и брзата промена многу тешко ја поднесов, а од четвртиот километар до крај останав сам“, изјави Ивановски, кој победи на полумаратонот минатата година со 1 час, 11 минути и 27 секунди.
Ивановски додаде дека патеката е рамна и дека има одлична организација, но поради топлото време тешко може да се направи личен рекорд на Скопскиот маратон.