Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Италијанец победи на Охридскиот пливачки маратон

Годинава се пливаа 25 километри, наместо досегашните 30

Италијанецот Франческо Џентини е победник на 32. издание на охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ ја исплива за 5 часа и 15 минути. Годинава патеката беше скратена од 30 на 25 километри, но учесниците имаа непријатни услови за пливање, водеа борба со ветерот, струењето и брановите, па затоа и им требаше повеќе време од планираното. И второто и третото место им припаднаа на Италијанци. 
„Тешка беше трката. Не се чувствував најдобро. Се надевав дека ќе извлечам максимум. Имав убава позиција, но последните 50-60 метри немав сила. Не заостанав многу од победникот. Сезонава ми беше тешка, со компликации, не се одвиваше како што сакав и планирав“ – изјави Евгениј Поп Ацев кој заедно со уште пет пличаи заедно влезе во целта и фотофинишот решаваше за пласманот. 
Стартот на годинешнето 32-то издание го означи 11-кратниот победник на маратонот во Охрид, Петар Стојчев. Бугаринот Стојчев во Охрид победуваше од 2001 до 2004, а потоа и од 2006 до 2012 година во серија. Тој го држи и рекордот на патеката од 5 часа, 19 минути и 30 секунди, што е само четири минути послабо од времето на денешниот победник кој пливаше 5 километри помалку.

 

Најнови вести