Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2016

Борко Ристовски на голот на Барселона следните две сезони

Борко Ристовски официјално е голман на Барселона во следните две сезони, а трансферот го потврдија каталонскиот клуб и неговиот актуелен клуб, Рајн Некар Левен.

Македонскиот ракометар изминатиов викенд беше во Барселона каде ги финализираше деталите од договорот, а Ристовски на голот на Барселона ќе застане од следната сезона како замена за Даниел Шариќ, кој пак го напушта каталонскиот клуб и својата кариера ќе ја продолжи во Катар.
Македонскиот репрезентативец за прв пат во својата кариера ќе игра заедно со својот репрезентативен колега, Кире Лазаров, а тие се првите двајца ракометари во историјата на Македонија кои се дел од најтофејниот клуб.
Ристовски на голот на Барселона минутажата ќе ја дели со шпанскиот репрезентативец Гонзало Перес де Варгас.
За македонскиот репрезентативец ова е вториот голем трансфер во сезоната. Почна одлично во Кретеј од Франција, од каде во ноември пристигна во Рајн Некар Левен. Одличниот настап на Ристовски пред голот на „лавовите“ во Бундес лигата, а особено во Лигата на шампионите му го отвори патот кон најтрофејниот шпански клуб, Барселона. Ристовски беше соочен со тешка одлука, имено Барселона ја достави својата понуда до македонскиот ракометар, но пристигна и понудата од актуелниот тим за продолжување на договорот, па така Ристовски имаше тешка одлука меѓу двата ракометни гиганти и  на крајот го избра актуелниот европски шампион и своето повторно враќање во Шпанија каде настапуваше на почетокот на својата интернационална кариера за екипите на Теукро и Алгесирас во 2006/07. 
Во текот на неговата кариера Ристовски го бранеше голот на Металург, Вардар, Гумерсбах од Германија, Ал Ахли во Катар и Рајн Некар Левен.


Најнови вести