Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2016

Хрватска сензација, во полуфиналето против Шпанија!

Фантастична победа на Хрватска над Полска, ќе играат во полуфиналето на Европското првенство, а таму уште се Шпанија, Норвешка и Германија.

Најголемото изненадување го направија Хрватите и ја совладаа Полска со убедливи 37-23 и се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Мануел Штрлек беше најубедлив во хрватската репрезентација и постигна 11 голови од исто толку обиди.
Ракометната репрезентација на Норвешка вчера ја победи репрезентацијата на Франција во Краков со 29-24 (12-11) во Групата 1 во втората фаза на Европското првенство, додека пак Германија во Вроцлав во натпреварот во Групата 2 со 25-23 (12-13) ја совлада репрезентацијата на Данска.
Норвежаните со победата се изборија за полуфиналето на континенталниот шампионат, додека Франција, актуелниот олимписки, светски и европски првак, ќе игра во натпреварот за петтото место.
Норвешка до победата беше предводена од Кент Робин Тонесен со шест голови, додека во селекцијата на Франција се истакна Даниел Нарсис со седум погодоци.
Во натпреварот во Групата 2 Германија се избори за првото место со победата над Данска.
Најефикасен во репрезентацијата на Германија беше Стефан Фат со шест погодоци, а во селекцијата на Данска се истакна Микел Хансен.
Во полуфиналето ќе играат:
Шпанија – Хрватска
Норвешка - Германија

Најнови вести