Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2016

Манчини: Јас би им дал гол на Карпи

Тренерот на Интер Роберто Манчини незадоволен од играта на напаѓачите на натпреварот против Карпи зјави дека неговата екипа ќе мора да купи играч за таа позиција.

Интер на последните три натпревари на домашен терен против Лацио, Сасуоло и Карпи освои само еден бод и тоа во неделата на натпреварот против Карпи.
Екипата на Роберто Манчини, беше многу блиску до победата, водеше со 1-0, но Карпи стигна до изедначување во 92-та минута.
„Разочаран сум, ова е трет натпревар во кој ги фрламе бодовите во последните минути. Нашиот најголем проблем е што не можеме да постигнеме гол. Нашите напаѓачи не можат само да стојат и да чекаат топката сама да дојде до нив. Фудбалот се игра со глава, не е сè во силата“, изјави Манчини за италијанските медиуми.
Мауро Икарди имаше голема шанса од контра да постигне гол и да го зголеми водството на 2-0.
Манчини и тоа го коментираше.
„Имам 50 години, но сигурен сум дека јас би дал гол. Таквите шанси мораат да се искористат... Напаѓачите мораат и во 92-та минута да ја чуваат топката, па дури и кај знаменцето за корнер. Изгледа дека ќе мораме да купиме напаѓач“, порача Манчини.

Најнови вести