Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2016

Кевин-Принс Боатенг се врати во Милан

Досегашниот фудбалер на Шалке Кевин-Принс Боатенг потпиша договор со Милан, пренесоа италијанските медиуми.

Шалке во мај го отпушти Боатенг поради, како што наведе клубот лошата дисциплина, а договорот официјално беше раскинат на 8 декември.
Боатенг тренираше со Милан од септември и играше за клубот на пријателските натпревари.
Боатенг својата кариера ја започна во Херта од каде во 2007 година помина во Тотенхем, а во 2009 година замина како позајмен играч во Борусија Дортмунд. Во сезоната 2009/10 играше во дресот на Портсмут, од каде пак замина во Милан, а по три години на „Сан Сиро“ отиде во Шалке.
За Милан одигра 100 натпревари, постигна 17 голови и му помогна на клубот да ја освои шампионската титула во 2011 година.
За репрезентацијата на Гана дебитираше во 2010 година и до сега одигра 15 натпревари и постигна два гола.

Најнови вести