Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2015

Михајловиќ: Никогаш не ги критикувам судиите, но...

Тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ, ги обвини судиите за постигнатиот реми резултат со Верона на натпреварот во 16 коло во италијанската Серија А.

Милан вчера на свој терен одигра нерешено 1-1 со последно пласираната Верона.
„Никогаш ме немате видено да ги критикувам судиите, но не можете да не споменете. Жестоко сме оштетени на последните два натпревари, а посебно на натпреварот против Верона. Не можете да поништите два гола поради офсајди кои не постоеја, а да не свирите пенал над Бонавентура. Ова не е прв пат да ни се случува со судиите. Не сакам да зборувам за нив, но тоа не значи дека сум глупав“, изјави Михајловиќ за италијанските медиуми по натпреварот.
Екипата на Синиша Михајловиќ поведе во 52-та минута, а од 56-тата продолжи со играч помалку бидејќи Најџел де Јонг доби црвен картон и направи пенал.
„Не можеме да продолжиме вака, не игравме против младинци, игравме против една екипа од Серија А. Го разбирам гневот на навивачите и нивната нервоза, а имаат и право да критикуваат и да се жалат на резултатите. Имавме 18 шута иако бевме со играч помалку. Што уште можевме да направиме?“, изјави Михајловиќ.
„Навивачите мораат да знаат дека денес постигнавме уште два, но ни беа поништени. Имавме уште седум, осум шанси , но...“ , додаде тој.
Милан по овој натпревар се наоѓа на седмо место со 25 бодови, а Верона остана на последното место со седум бода.

Најнови вести