Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2015

Санино на клупата на Карпи

Последнопласираниот тим на италијанското фудбалско првенство Карпи вчера го именуваше Џузепе Санино за нов тренер.

Санино потпиша договор до крајот на сезоната, а на клупата го замени Фабрицио Кастори, кој доби отказ само по шест кола во дебитантската сезона на Карпи во Серија А.
Санино во текот на кариерата ги водеше: Сиена, Палермо, Киево, Ватфорд и Катанија.
Карпи има само два бода, а убедливиот пораз од Рома со 5-1 минатиот викенд иницираше смена на Кастори. Тој го водеше Карпи од јуни минатата година, а во минатата сезона клубот го одведе во Серија А за прв пат во 106-годишната историја.

Најнови вести