Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2013

Нов Италијанец на клупата на Ватфорд - Санино

Италијанскиот 56-годишен стручњак Џузепе Санино е новиот менаџер на англискиот второлигаш Ватфорд. На таа должност го наследува својот сонародник Џанфранко Ѕола.

Тренерската кариера славниот Џанфранко Ѕола ја почна во 2006 година како помошник-селектор на италијанската младинска репрезентација. Од 2008 до 2010 година го водеше Вест хем, а во јули 2012 година потпиша двегодишен договор со Ватфорд.
Ѕола самиот одлучи да си замине од должноста менаџер по серијата од девет лигашки натпревари без победа. Во тој период Ватфорд имаше пет порази и четири ремија. На табелата на втората англиска лига се наоѓа на 13-тото место.
Новиот човек на клупата, Џанфранко Ѕола, не чекаше долго за нова работа откако минатиот месец беше сменет како тренер на италијанскиот прволигаш Киево. Не треба да чуди тоа што еден тренер од Италија во Ватфорд го наследи друг, бидејќи клубот е во сопственост на италијанското семејство Поцо.

Најнови вести