Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2013

Гатузо ќе го преземе Палермо

Џенаро Гатузо, поранешниот играч на Милан и на репрезентацијата на Италија, ќе биде именуван за нов тренер на новиот второлигаш Палермо.

Гатузо потпиша двегодишен договор, но соработката ќе биде објавена кога фудбалерот ќе го напушти швајцарскиот клуб Сион, пренесува „Газета дело спорт“.
Тој во Сион дојде минатото лето, од февруари ја извршуваше функцијата тренер-играч, но во клубот не беа задоволни од него, па пред две седмици доби отказ.
Палермо оваа сезона го предводеше Џузепе Санино, а покрај клубот од Сицилија, од Серија А испаднаа и Пескара и Сиена.
Освен за Милан и за Сион, Гатузо во текот на кариерата играше за Перуџа, Глазгов ренџерс и Салернитана.
За репрезентацијата на Италија одигра 73 натпревари и со „аѕурите“ во 2006 година стана светски шампион.

Најнови вести